Колку е безбедно комбинирањето вакцини? Еве што велат експертите!

Сподели со своите пријатели

Комбинираниот пристап кон вакцините против Ковид-19 е безбеден и ефикасен, а некои комбинации дури и го подобруваат имунолошкиот одговор, открија британските истражувачи.

Loading...

Тие проучувале 1.079 доброволци чија прва вакцина била или вакцината со вектор на аденовирус Astra Zeneca или вакцината Pfizer/Bayontek mRNA.

Учесниците потоа биле назначени по случаен избор да ја примат истата вакцина или вакцината mRNA на Moderna или експерименталната вакцина Новавак, која користи различна технологија од другите, пренесува Ројтерс.

Немаше штетни ефекти од мешањето на вакцините, објави истражувачкиот тим во понеделникот во престижното медицинско списание Лансет.

Без оглед на тоа која вакцина ја примиле луѓето како прва, примањето на Модерна како втора доза предизвикало посилен одговор на антителата од втората доза од оригиналната вакцина, сугерираат лабораториските експерименти.

Важен одговор на втората линија на имунолошкиот систем, активирањето на Т-клетките, било најголемо со вакцината AstraZeneca, проследена со вакцината Novavax, открија истражувачите.

Бидејќи ниту една од нив не бара посебно складирање во замрзнувачот, ова откритие и фактот дека мешањето на која било друга тестирана вакцина е безбедно, може да биде „исклучително релевантно за 94 отсто од луѓето во земјите со ниски приходи кои допрва треба да земат некоја од дозите“, заклучија истражувачите, според Ројтерс.

Европската агенција за лекови (ЕМА) претходно ја поддржа комбинацијата на различни видови вакцини во борбата против коронавирусот, како за време на основната имунизација, така и за време на дополнителни дози.

Loading...

ЕМА во соопштението наведе дека употребата на различни видови вакцини, познати како хетерологна вакцинација, може да обезбеди заштита од Ковид-19, пренесува АП.

Во заедничката изјава објавена од ЕМА со Европскиот центар за превенција и контрола на болести се вели дека стратегијата за комбинирање на вакцини може да обезбеди поголеми можности за земјите за време на кампањите за вакцинација.

„Досега достапните докази со различни типови одобрени вакцини покажуваат дека хетерологната засилувачка доза се чини дека е подеднакво добра или подобра во однос на имунолошките одговори отколку хомологната дополнителна доза“, се вели во соопштението.