Колку деца биле родени лани во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Во Куманово лани се родиле вкупно 1.096 деца, од кои 1.085 биле живородени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во целиот Североисточен плански регион во текот на 218 година на свет дошле вкупно 1.731 бебе.

Loading...

Доминирале машките бебиња, односно вкупно 581 бебе било од машкиот, а 504 бебиња биле од женскиот пол.

Во брачна заедница биле родени 905 деца, додека 180 биле родени во вонбрачна.

Сите деца, во најголемата општина во Македонија, биле родени во здравствена установа.

Во руралната општин Старо Нагоричане, во 2018 година се родиле само 38 деца. Од нив повеќето биле женски или вкупно 21, додека 16 од родените бебиња биле машки. Поголемиот дел од нив, или 31 бебе биле родени во брачна, а шест во вонбрачна заедница.

Во Липково биле родени вкупно 373 деца, од кои живородени биле 370. Доминираат момчињата и тоа 194, наспроти 176 женски деца. Од нив 278 биле во брачна, а 92 во вонбрачна заедница.

Во Ранковце биле родени само 32 деца, што е најмал број во целиот Североисточен регион. Повеќето девојчиња, односно 22 бебиња од женски, а 10 од машки пол.

Кратово лани добило 63, а Крива Паланка 129 бебиња.

Loading...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија во 2018 година се родени вкупно 21 484 деца, од кои живородени се 21 333, а 151 е мртвородено. Бројот на живородените деца во 2018 година, во споредба со минатата година, е намален за 1.9 %. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 52.4 %, односно на 100 живородени женски деца 110 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец септември (1973).

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.1 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.1 година и кај првите раѓања изнесува 27.3 години.

Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1990 година.

Во 2018 година се регистрирани 19 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 587 или 12.1 % од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.

Leave a Reply