Колкава е излезноста во Куманово до 15 часот?

Сподели со своите пријатели

Вкупно 19.579 гласачи од Куманово до 15 часот го оствариле своето право на глас на референдумот, од вкупно 92.691 гласачи колку што брои избирачкиот список, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, што е излезност од 23,2%.

Од 167 гласачки места процесирани се 143, заклучно 13 часот.

Излезноста во Старо Нагоричане изнесува 12,45%, односно своето право го оствариле само 418 лица од вкупно 3.367 колку што изнесува вкупниот број на гласачи во оваа општина.

Во Липково до 15 часот правото на глас го искористиле 5.103 граѓани, односно 30.42% од вкупниот број на гласачи кој изнесува 25.232.

Во општините Старо Нагоричане и Липково процесирани се сите избирачки места.

На ниво на државата излезноста е 22.56%, а како што информриаа од Државната изборна комисија на прес конференцијата одржана во 15:30 часот, засега денот се одвива со помали инциденти и нема нарушување на јавниот ред и мир.

На последните локални избори одржани во декември минатата година, заклучно 13 часот во Куманово гласале 23% од граѓаните, а денеска на референдумот тој процент е значително помал и изнесуваше нешто над 16 отсто.

Leave a Reply