Коледарите во сабота традиционално ќе го прослават Бадник

Сподели со своите пријатели

Здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово во сабота со почеток во 11:30 часот пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со песна и оро ќе ја започнат прославата на Бадник.

Коледарите ќе поделат осветени бадникови гранчиња, овошје и чај, а за присутните ќе има и греана ракија.

Мултиетничката прослава на Бадник ќе има во Гимназијата „Гоце Делчев“ каде со почеток во 11 часот ќе присуствуваат учениците од сите училиште во градот, во рамките на проектот „Безбедни училишта“ кој го реализира Секторот за внатрешни работи Куманово.