Коледари годинава без традиционалната прослава на Бадник

Сподели со своите пријатели

Традиционалната голема прослава на Бадник во Куманово во организација на здружението на граѓани Коледари, годинава нема да се одржи.

Loading...

Како што соопштуваат од здружението, поради мерките за заштита од коронавирусот, годинава нема да има прослава.

– Поради ситуацијата со Ковид, здружението на граѓани Коледари Куманово ве известува дека оваа година нема да организира традиционална прослава на Бадник, поради почитување на мерките и препораките од надлежните. Нека ви е среќен празникот, стои во соопштението од здружението.

Сепак, годинава не изостана традиционалното берење на бадникови гранчиња, кое Коледари го организираа со маски.

 

 

 

Loading...

Како изгледаше прославата минатата година погледнете во видеото подолу.

 

 

 

Leave a Reply