26.06.2019 08:15

Кокино низ прекрасните ваши фотографии објавени на Инстаграм (ФОТО)


Локалитетот Кокино несомнено е најпопуларниот и најпосетуван во Куманово и околината, а за тоа доказ се и многубројните прекрасни фотографии објавени на социјалната мрежа Инстаграм, поставени, како од домашни, така и од срански туристи.

loading...

Опсерваторијата Кокино се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане, на оддалеченост од околу 75 километри од Скопје, односно 35 километри од Куманово. До неа води асфалтен пат, а последните 500 метри треба да се пешачи за да се стигне до самата опсерваторија. Таа е поставена на врвот „Татиќев камен“, на надморска висина од 1 030 метри.

Опсерваторијата е откриена случајно во 2001 год. од страна на бугарски и македонски археолози, а во 2002 год. биле започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово. Таа е датирана во 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време, а се протега на површина од 5 000 квадратни метри.

Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.

loading...

Седумте камени маркери во минатото ги означувале местата за изгревање на Сонцето и Месечината во периодите на кусодневица, рамнодневица и долгодневица, како и нивните отклони. Сонцето, всушност, само на рамнодневиците – на 21 март и на 21 септември – изгрева точно на исток и заоѓа точно на запад. Потоа, постепено има отклонување кое изнесува до 45 степени.

Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните стени во Кокино укажуваат дека изгревањата на исто место на Сонцето се повторуваат на 18,6 години. Веројатно некои членови на племенската заедница имале задача секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи во земјоделството и сточарството. Опсерваторијата е сместена на две скалести платформи од кои се следеле планетите. На горната платформа се пронајдени траги од неколку објекти и делови на керамика.

View this post on Instagram

In 2001, the ruins of a Bronze Age settlement were found outside the small Macedonian village of Kokino. Researchers has discovered giant stones arranged in puzzling patterns, at an elevation of over 3,300 feet. With further study has been identified these as stone markers used to track the patterns of the sun and the moon, making the site an ancient megalithic observatory, dating back nearly 3,800 years. Two platforms, separated by a height of around 62 feet, are located at the center of the observatory’s remains. Four massive stone thrones, facing the direction of the east, make up the lower platform. The higher platform consists of markers carved into malleable andesite rocks, that indicated significant astronomical events like the summer and winter solstices, as well as the spring and autumn equinoxes. #visitMacedonia #skopje🇲🇰 #airbnbsuperhost🏆 #macedoniatimeless

A post shared by AirBnB.Skopje (@airbnb.skopje) on

Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало живеалишта туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите на карпите се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот има и еден вид престол, каде што, најверојатно, седеле старешините и водачите на племето. При откривањето на локалитетот пронајдени се бројни артефакти (керамички чинии, амфороидни садови, камени секири итн.).

Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува меѓу античките опсерватории во светот. Во 2005 година, американската вселенска агенција НАСА го вклучува Кокино на картата на 15 антички опсерватории заедно со Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија, Ангкор Ват во Камбоџа, Мачу Пикчу во Перу и други.

loading...

View this post on Instagram

🌲🌲🌲

A post shared by Goga Stojkovska (@goga_stojkovska) on

loading...
View this post on Instagram

Kokino 🇲🇰Кокино スコピエから北東約50kmにある古代の天文観測所跡。 紀元前1800年頃に造られたらしい。岩のマークを基準に太陽と月の動きを観察していた。 NASAが世界で4番目に重要な古代天文観測所に認定。 入場無料と2016年の歩き方に書いてあったけど、現在は1人120den。 #スコピエ #skopje #macedonia🇲🇰 #マケドニア #スコピエ #オフリド #バルカン半島 #東欧 #タビジョ #北マケドニア#Macedonia #旧ユーゴスラビア#写真好きな人と繋がりたい #写真#Skopje#海外旅行#海外#stayway女子旅#マケドニア観光#マケドニア旅行#マケドニア共和国 #考古学

A post shared by 北マケドニア🇲🇰 (@i_am_nekomaru) on

View this post on Instagram

Breath of the Wild

A post shared by Viktor Trajkovski (@tr_viktor) on

loading...

loading...

View this post on Instagram

Equilíbrio de Parmera.

A post shared by Henrique Portes (@henriqueportes) on


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments