Веројатно сите мислевте дека Русија е земјата со најмногу временски зони во светот, меѓутоа тоа не е така.
Сепак станува збор за Франција. Иако површината ѝ е релативно мала (особено во споредба со Русија или Кина), Франција има дури 12 временски зони, главно заради поранешните колонии, односно сегашните прекуокеански територии на Франција, вклучително и Гвадалупе на Карибите, Ла Реунион во Индискиот Океан и Француска Полинезија во Пацификот.
Дали знаевте како настанала играта „Не лути се човече“?
Самата Франција, како и остатокот од Централна Европа, е во Централноевропско време (CET).
Русија, за која многумина веруваат дека е земја со најмногу временски зони поради својата пространа територија, има 11 временски зони.
Исто толку има и САД, а тука придонесуваат нивните пооддалечени територии, како што е Американска Самоа, лоцирана во Јужниот Пацифик.
Супер интересни факти кои можеби не сте ги знаеле!
Австралија и Канада имаат по девет временски зони, Бразил и Мексико по четири.
Може да ве изненади и тоа што Кина, која се протега географски низ дури пет временски зони, има само една. Ова го одлучил Мао Цетонг уште во 1949 година, наводно со цел да се промовира националното единство.