Во септември 2003. година во планинската пештера на западот на индонезискиот остров Флорес, палеонтолозите откриле минијатурни човечки скелети, со мали мозоци, како шимпанзи. Видот го нарекле Homo floresiensis, а големината на нивните остатоци разбудила интерес кај научниците, особено по откритието на џуџестите слонови.
Следувало прашањето: Дали постои мистериозна сила на овој остров која ги намалува телата?
Овие роднини на модерниот човек од Флорес биле високи едвај еден метар. Во неколку села во околината, забележале научниците, дека се населени луѓе чија просечна височина е околу 1,5 метри. Дали тоа е резултат на дамнешното вкрстување на видовите на модерниот човек и малиот Homo floresiensis?
БИЗАРНО ОТКРИТИЕ: Како изгледал првиот модерен Британец? (ФОТО)
Loading...
Петнаесет години откако биле пронајдени коските, донесен е конечен заклучот кој е вистинска реткост во науката, пишува „Њујорк тајмс“.
– Јасно е дека одговорот на тоа прашање е „не“, доволно да завршам со испитувањата, рекол генетичарот Ричард Е. Грин од Универзитетот во Калифорнија и еден од истражувачите.
Но, како тоа обично се случува во науката, одговорот на едно прашање отвора нови прашања.
Одговор покажал дека барем два пат луѓето и нивните роднини, познати како хоминини, дошле на Флорес и се намалувале. Но, не се во прашање само луѓето. Слоновите пристигнале два пати, и во двата случаи видот еволуирал во џуџиња.
Кога биле откриени фосилите на Homo floresiensis многу истражувачи се надевале дека и натаму имаат траги од ДНК, а проценувале дека староста има е најмалку 13.000 години.
ДНК анализата можеби одговорила на дебатата како Homo floresiensis се вклопува во семејното стеблно ан хоминините. Некои од истражувачтие сметаат дека корските едноставно припаѓале на модерните луѓе со пореметување на растот. Другиот аргумент бил дека остатоците припаѓаат на далечен роднина човек, настанат од повеќе видови хоминини како Хомо еректусот.
Loading...
Др. Грин добил остатоци од Homo floresiensis во 2007. година и не успеал да открие дефинитивен ДНК од нив. Години подоцна со колегите дошол до две големи откритија: луѓето и Неандерталците се вкрстиле, околу еден процент од ДНК на живите не-Африканци е со потекло од изумрените хоминини. Откриле и посебна гранка на хоминини, познати како Денисовани, кои исто така се вкрстувале со луѓето, а резултат се денешните луѓе во источниот дел на Азија, Австралија и јужниот дел на Пацификот, кои и натаму ги носат нивните гени.
Грин и соработниците сфатиле дека не мора да гледаат во фосилите на Homo floresiensis за да истражуваат ДНК, бидејќи, што ако претците на луѓето се вкрстувале со изумрените хоминини, наследувајќи пигмејски гени?
Затоа во 2013. година организирале пат на Фолерс и го посетиле селото Рапмасас во близина на пештерата каде биле пронајдени остатоците и тестирале плунка од 32 мештани. Сфатиле дека фосилите се стари најмалку 60.000 години, што драстично ја намалило рамката кога модерните луѓе го делеле островот со Homo floresiensis и се вкрстувале со нив.
НОВА МИСТЕРИЈА НА БЕРМУНДСКИОТ ТРИАГОЛНИК: Остров се појави во морето (видео)
Споредиле ДНК од мештаните со луѓето од останатиот дел на светот: многу мал број ДНК од мештаните е од Неандерталците или Денисовани. Мал дел не можел да се поклопи со луѓето, Неандерталците и Денисованите.
Но, мистериозните делови на генетскиот код не била драматично различни од човечкиот, како што се очекувало од Homo floresiensis. Заклучиле дека мештаните немаат нивно птоекло, но тоа работите ги направило екстремно поинтересни.
Мештаните на Рампасас не се ниски затоа што потекнуваат од Homo floresiensis. Всушност, нивните претци биле високи луѓе, но во еден момент драстично се намалиле, а не се единствените цицачи на кои тоа им се случило. Џуџестите слонови на Фолерс сега се изумрени, но биле високи до рамениците на луѓето, а судејќи според нивните претци од југоисточна Азија биле со целосна височина.
МИСТЕРИЈА Преку ноќ се појави нешто на езерото што ги збуни и научниците (фото)
Луѓето имале пигмејски тела и на други острови, неколку филипински и во Индискиот океан, дождовните жуми на Африка, Јужна Америка и др. Кучињата нудат интересни траги за решавање на мистеријата на телото на цицачите кои така бргу се менуваат – со промена на само еден ген IGF1, од дог до чивава.
Но, тоа не е случај со островот Флорес. Рампасасите имаат варијанти на многу гени кои ја намалуваат висината. Природната селекција ги фаворизирала старите комбинации под нови мутации.
– Ова е во согласност со нашата работа за африканските пигмени. Кога постои селекција, одговорот е предизвикан од варијациите во гените, не само еднаш, објаснил Рајан Гуренкунст, биолог од Универзитетот во Аризона.
Една од водечките хипотези на еволуцијат ана пигмејскиот тип на тело е недостаток на храна. На помалите тела им биле потребни помалку калории што била предност за преживување.