На 2 декември 1952 година, била извршена првата операција за промена на полот, а Кристин Јоргенсен била првата американска трансродова жена која се нашла на насловните страници во странските списанија во раните 1950-ти, кога таа била подложена на оваа, во тоа време, специфична операција.
Како што еднаш изјавила за списанието American Weekly во 1953 година, таа мразела облека за момчиња и секогаш се прашувала зошто нејзината облека е толку различна од прекрасните фустани што ги носи нејзината постара сестра Дороти.
Во раниот живот Кристин Јоргенсен биолошки била маж Џорџ Вилијам Јоргенсен од Бронкс (Њу Јорк). Во раните години, таа била свесна за фактот дека нејзиното физичко тело „не ѝ припаѓа на самата себе“.
Како тинејџерка, оваа млада девојка изјавила дека „се чувствува изгубено меѓу половите“, и дека повеќе им завидува на девојките отколку што ја интересираат, изјавила во една прилика за американските медиуми.
Кон крајот на средното училиште, Кристин нашла бегство од сопствениот проблем, па почнала да се занимава со фотографија. Може да се каже дека девојката имала дарба од нејзиниот татко, бидејќи и тој бил аматер во оваа работа.
View this post on Instagram
Одлуката конечно да биде она што навистина е младата Американка морала да ја напушти работата како фотограф, бидејќи набрзо пристигнал повикот за војска.
Во 1945 година, таа исто така била регрутирана во воените редови на возрасни мажи кои знаеле што ги чека, но таа не го сторила тоа. Бидејќи била ниска и физички слаба, немала доволно квалитетни квалификации за еден војник, па ѝ била поставена работа на службеничка (тоа била административна работа) во населбата „Форт Дикс“ (Њу Џерси), но ни таму не се пронашла.
Откако армијата ја ослободила од воените работи во 1946 година, Кристин Јоргенсен повторно почнала да води внатрешна борба со тоа што навистина е и каков е нејзиниот физички изглед во моментот.
Во 1950 година, Кристин отпатувала во Данска за да започне операција за промена на полот. Третманот, кој тогаш бил достапен само во Европа, вклучувал неколку операции, но и хормонска терапија.
Како што започнала транзицијата на нејзиниот пол и конечното ослободување од сопствените окови, така почнал и ентузијазмот на светските медиуми за нејзиното сосема необично барање.
Наместо нејзиниот пат и животна приказна да ги поддржува сите луѓе кои секојдневно се борат со внатрешните демони, младата Кристин морала да се бори со насловите на таблоидите како „Момчето од Бронкс сега е девојче“, „Драги мамо и тато, напиша синот, сега станав ќерка“. А сето тоа се случувало додека таа сè уште била во болница во Данска.
По враќањето во САД во 1953 година, Кристин Јоргенсен била брутално нападната од репортер на аеродромот во Њујорк.
Се обидела да ја демистифицира својата ситуација, а одговорила на речиси сите поставени прашања. Но, ниту тоа не им било доволно на новинарите, бидејќи со прашањата упорно се обидувале духовно да ја скршат. Во еден момент таа решила да се повлече, завршувајќи го овој свечен прием со зборовите:
„Им благодарам на сите што дојдовте, но мислам дека е премногу“, рече таа, а потоа исчезна во толпата новинари гладни за интригантни приказни.
Каков публицитет ја дочекал? За својата транзиција, но и за својот животен пат раскажала за магазинот „Американ викли“, а потоа во ноќен клуб си создала и своја актерска кариера.
View this post on Instagram
„Решив дека ако сакаат да ме видат, ќе мора да платат“, изјавила таа еднаш за Њујорк Тајмс.
А во своите настапи често пеела песна која, може да се каже, конечно ставила крај на нејзините внатрешни демони „Уживам да бидам девојка“.
Иако добила неодобрување од владата и јавноста, младата Американка станала популарна со нејзиното автобиографско дело „Кристин Јоргенсен: Лична биографија“, кое било прикажано во 1970 година, со наслов „Приказната за Кристин Јоргенсен“.
Заедно со една храбра жена, Кристин Јоргенсен се преселила во Јужна Калифорнија во раните 1970-ти. Таа починала од рак на мочниот меур и белите дробови на 3 мај 1989 година, а нејзината транзиција предизвика национална дебата за родовиот идентитет.
Нејзиниот животен пат и приказна станале поддршка за сите луѓе кои сакале да бидат тоа што навистина се.