Кој прв ќе се вози на „безвоздушни“ гуми и кога ќе се појават на пазарот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Наместо воздух во гумите, масата на возилото ќе биде поткрепена со флексибилни гумени композити.

Loading...

Мишелин ја најавува својата револуционерна гума без воздух за 2024 година.

Повеќе технички детали за структурата на материјалот сеуште не се откриени, бидејќи тоа е сеуште тајна на Мишелин, а оваа компанија го нарекува својот производ УПТИС – Уникатен гумен систем отпорен на пункција.

 

 

Значи, со овие гуми треба да исчезнат проблемите со дупчење или издишување на воздухот, односно сите проблеми од тој тип што можат да се случат на патот, а со тоа ќе им се продолжи и работниот век.

Гуми без воздух се монтираат на обични тркала и не е потребна посебна модификација.

Loading...

Мишелин планира да ја претстави оваа гума на почетокот на август пред Европската мрежа за сообраќајна полиција (ROADPOL).

Имено, Мишелин сака да и даде гуми УПТИС на европската сообраќајна полиција, која треба да биде прва што ќе го тестира овој производ во реални услови.

Патем, компанијата планира да понуди УПТИС гуми на пазарот во 2024 година.

 


Leave a Reply