Кој профитираше најмногу: ТикТок го победи Фејсбук, но оваа апликација го воодушеви светот!

Сподели со своите пријатели

Социјалната мрежа ТикТок доживеа огромна популарност оваа година!

Loading...

И покрај сите забрани и закани што ги доби во текот на 2020 година, таа успеа да стане најсимнуваната апликација на уредите со Android и iOS до ноември оваа година.

За да бидат работите уште поимпресивни за оваа апликација, таа направи драстична промена од петнаесет места и ја достигна втората позиција кога станува збор за приходите, веднаш зад апликацијата Тиндер.

ТикТок го зазеде првото место од социјалната мрежа Фејсбук, и стана најсимнуваната апликација во 2020 година.

 

 

Иако имаше и тешки периоди оваа година, особено на двата клучни пазари, Америка и Индија, оваа апликација оствари огромен раст во изминатите две години.

Loading...

TikTok постигна неверојатен резултат, но вистински победник оваа година е апликацијата Zoom, која забележа раст од 200%, а благодарение на ситуацијата во која се најде планетата Земја, го зазеде четвртото место кога станува збор за списокот на најсимнувани апликации.

 

 

Апликацијата WhatsApp го зазеде третото место, пренесува аналитичката компанија AppAnnie.

Топ 10-те исто така вклучуваат Instagram, Facebook Messenger, Google Meet, Snapchat, Telegram и Likee.

Корисниците поголемиот дел од своето време го поминаа на најпопуларната апликација за запознавање, Тиндер, проследена со ТикТок и Јутјуб.

Сепак, Фејсбук сè уште има најактивни корисници, па го следат неговите кориснички услуги WhatsApp Messenger, Facebook Messenger, Instagram…

Loading...

 

 

Глобалното трошење на видео игри во продавниците на App Store и Google Play порасна за 25%, а сега вкупните приходи достигнаа 112 милијарди долари.

Интересно е што за секој долар, Гугл и Епл земаат 0,71 долари! Се проценува дека следната година, просечен Американец ќе има дури 9,5 стриминг платформи на неговиот телефон.

Кога станува збор за видео игри, Free Fire е најсимнуваната игра (исто како и минатата година), следена од Subway Surfers, а третата позиција ја зазеде годинашната хит игра, која всушност беше објавена во 2018 година, тоа е Among Us!

 

Loading...

 

PUBG Mobile ја заврши годината на четвртото место, пад од две позиции, но затоа оваа игра забележа најголем број активни корисници.

Изненадувачки, списокот не го вклучува глобалниот феномен Genshin Impact, кој е еден од најзаслужните за големиот проток на пари во овие продавници за апликации.

Дали сте изненадени од резултатите?

Leave a Reply