Кој не носи маска оди во затвор: Вака светот се борел против шпанската треска пред 100 години

Сподели со своите пријатели

Најсмртоносен во модерната човечка историја, овој вирус се нарекува и „мајка на сите пандемии“.

Loading...

Вирусот инфицираl 500 милиони луѓе, една четвртина од светската популација во тоа време, и однеl дури 50 милиони животи.

Шпанската треска во 1918 година била одлична лекција и прва средба со начините на кои светот реагира на пандемијата. Иако именувана по оваа земја, историчарите тврдат дека е малку веројатно дека фокусот на овој грип бил во Шпанија, иако е една од првите земји во кои експертите идентификувале епидемија.

Избувнувањето на вирусот започнало во 1918 година, во последните месеци од Првата светска војна, а историчарите сега веруваат дека конфликтот можеби е делумно одговорен за ширењето на вирусот.

Војниците кои живееле во затрупани, валкани и влажни услови на западниот фронт се разболеле.

Ова бил директен резултат на ослабен имунолошки систем од неухранетост. Нивните заболувања, познати како „la grippe“, биле заразни и се рашириле меѓу редовите. За околу три дена откако се разболеле, многу војници почнале да се чувствуваат подобро, но не сите се опоравиле.

 

https://www.instagram.com/p/B-FbpgvlD6B/?utm_source=ig_embed

Loading...

 

Во текот на летото во 1918 година, кога трупите започнале да се враќаат, тие го зеле со себе тогашниот неоткриен вирус што се ширел во градовите, местата и селата во матичните земји на војниците. Многу од заразените, како војници, така и цивили, не се опоравиле.

Кога Џеј Драсел, тогашниот градоначалник на Напа во Калифорнија, прогласил епидемија во борбата против грипот, тој наредил на сите да носат дебели маски, и тој бил повеќе од сериозен за тоа.

Судијата Џејмс Палмер тогаш дури и ги притворил Абе Ериксон и Џои Роџер на 10 дена поради тоа што не носеле маски против грип.

Историските податоци покажуваат дека затворањето на училиштата и забраната на јавни собири значително го потиснале ширењето на овој вирус.

Државата Пенсилванија не забранувала јавни собири на време на епидемијата, па стапката на смртност во градот Питсбург била значително поголема, за разлика од другите градови кои спроведувале неколку акции навремено, како што е Сент Луис во Мисури.

Пандемијата завршила во летото 1919 година.

Leave a Reply