Кој го загадува воздухот во Куманово? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откако граѓаните на Куманово почнаа да чуствуваат непријатна миризба и печење во очите од загадениот воздух, се покрена прашањето кој е загадувачот во градот.

Loading...

Тоа на нозе ги крена и инспекциските служби при Општина Куманово кои во текот на изминатите два дена преку мерните станици за квалитет на воздух, но и теренски истражувања се обидуваа да ги откријат и казнат сторителите.

– Нашите мерни станици од кои три се во функција, од кои кај „Зафир Сајто“ и „Наце Буѓони“ покажаа зголемување на јаглерод моноксид, од 60 до 70 милиграми на метар кубен и азот диоксид околу 170, а нормално е 140. Ова што е во центар кај Занаетчискиот дом не покажа загадување, рече Бобан Бојковски, раководител на Одделението за инспекциски надзор при Општина Куманово.

 

 

Бојковски рече дека помош побарале од граѓаните, по што добиле дојави дека непријатна миризба во воздухот започнува да се чуствува во пограничниот регион со Србија.

Тој избегна конкретно да посочи за која фирма станува збор и каде се наоѓа, бидејќи инспекциската служба засега нема докази за такво нешто, но има случно исксутво од пред неколку години.

Loading...

– Иста ваква систуација имавме пред три години кога нашите сограѓани реагираа и потоа се јавија дека една наша соседна држава има инсталација која произведува дали е вар или некакви полимерни производи, се шири непријатна миризба, првин започнува таму, тоа се наши сограѓани кои живеат и работат во тој пограничен дел и како што сега ни кажаа најпрвин миризбата започнува таму и потоа се шири кон градот Куманово, појасни Бојковски.

Првично се претпоставувало дека загадениот воздух е од пожарот во Тетово кој се случи пред неколку дена, но вели симптоматично е што ваква ситуација имало и претходно.

За постапување во прекуграничното загадување, надлежност има Државниот инспекторат за животна средина, до каде е доставено известување, но е непознато дали по истото постапиле.

– Симптоматично е што исто и тогаш се случи и ние реагиравме до Државниот инспекторат за животна средина, бидејќи тие се надлежни за прекугрнаично загадување и тогаш интервенираа кај соодветни инспекциски служби кај соседната држава и тогаш проблемот беше решен. Исто постапивме и во овој случај, додава тој.

Според неофицијални информации станува збор за фабрика која се наоѓа на подрачјето на Општина Прешево во соседна Србија.

Никола Ивановски / Стефан Младеновски