Кој беше убиениот бугарски бизнисмен: Од сиромашно семејство до член на тајната служба и врски со криминалот

Сподели со своите пријатели

Угледниот бугарски бизнисмен, политичар и поранешен припадник на Државната безбедност, Алексеј Петров, беше убиен вчера сред бел ден, а претходно беше цел на уште најмалку два обиди за атентат.

Loading...

Полицијата соопшти дека Петров починал на лице место откако бил застрелан во Софија, во населба Драгеловци.

На лице место имало и жена која во тешка состојба била пренесена во болница.

Бугарското МВР констатирало дека Петров бил придружуван од тројца телохранители, како и дека се движел по вообичаената рута, пренесува бугарскиот весник Дневник.

Во 1990-тите, атентатите на јавни личности беа вообичаени во Бугарија, но новиот излив на насилство ја шокираше земјата, бидејќи Петров е третиот бугарски државјанин поврзан со криминални кругови кој е убиен од почетокот на оваа година.

Во мај во Кејптаун, Јужна Африка беше убиен Красимир Каменов, а на 3 јуни во неговиот дом беше пронајден мртов Ангел Христов, еден од „Браќата Галеви“.

Кој беше Алексеј Петров?

„Урамнотежен, силен карактер и силна волја“

Алексеј Петров е роден во 1962 година во селото Градешница (денес Градежница), во Ловечка област.

Потекнувал од сиромашно селско семејство и бил најстар од трите деца.

Loading...

Станал член на Сојузот на комунистичката младина Димитров (ДКМС) во 1976 година и на Бугарската комунистичка партија (БКП) во 1988 година.

Кога имал 25 години, на 3 јануари 1987 година се вработил во Шестото одделение на Службата за безбедност, Одделот за тероризам.

„Тој има избалансиран, силен карактер и силна волја. Во екстремни ситуации покажува исклучителна смиреност, интелигенција, брза реакција, способност да носи правилни одлуки, поради што повеќе пати му се доверени специјални задачи”, известува Еуроњуз Бугарија еден од записите на МВР од 1990 година.

Петров тренинг добил во „Ф.Е.Џержински“ во Пазарџик. Во евиденцијата стои и дека поседувал посебни вештини во воено-применети дисциплини, особено во карате.

Во ноември 1990 година, кога довербата на јавноста во МВР и државната безбедност беше исклучително мала, на Петров му било понудено да раководи со една од антитерористичките единици.

И тогаш имало одредена тензија и неизвесност кај вработените во единицата, предизвикана од променетата политичка клима во државата и потребата од преформулирање на нејзините задачи.

Деполитизацијата на органите на прогонот, усвоена со договор на опозицијата и БКП, бараше илјадници вработени во системот на МВР, кои дотогаш даваа заклетва пред БКП, да се заколнат дека ќе му служат на едно демократско општество, кое Петров тоа го направи во октомври 1991 година.

Но, набргу потоа, во мај 1992 година, Петров решил да го напушти МВР.

Loading...

После тоа, тој се впушта во деловни води.

Претседателски кандидат и водач на криминална група?

Павлов на пошироката јавност ѝ е познат како сопственик на осигурителни компании и основач на осигурителната компанија „Аполо и Болкан“ во 90-тите години. Ја основал и фирмата „Спаратак“.

Угледен бизнисмен доаѓа на позицијата советник на првиот човек на Државната агенција „Национална безбедност“ (ДАНС).

Бил тренер на бугарската карате репрезентација.

Докторската дисертација за проблемите со обезбедувањето на фирми ја одбранил на Академијата на МВР.

Во 2002 година, во близина на базенот „Спартак“ се случи првиот обид за убиство на Патров.

Во 2006 година Петров беше посредник на тајната средба на тогашниот министер за внатрешни работи Румен Петков и Пламен Галев и Ангело Христов, попознати како браќата Галеви, што се одржа на базенот „Спартак“.

Тогаш браќата Галев биле следени поради шверц на дрога и производство на амфетамини.

Loading...

Алексеј Петров бил и шеф на браќата Галеви кои се приклучија на Специјалниот одред за борба против тероризмот непосредно пред падот на комунизмот.

Оваа тајна средба стана позната две години подоцна.

На ова откритие уследи и оставката на Румен Петков, кој откри дека Петров бил долгогодишен таен соработник на Националната безбедносна служба (НСС), а браќата Галеви, по покрената истрага против нив, биле принудени да избегаат во странство.

Петров се поврзуваше и со медиумите во Бугарија – во 2009 година почна да излегува списанието „Галерија“.

Иако негираше дека е скриен сопственик, во 2012 година основачот на весникот и новинар Зоја Димитрова пред судот изјави дека „Галерија“ е основана со пари обезбедени од „Лев корпорејшн“, близок на Алексеј Петров.

На 10 февруари 2010 година Петров беше приведен и обвинет дека е водач на криминалната група „Октопод“ која се занимавала со рекетирање, изнуда, трговија со дрога, перење пари и даночно затајување.

Loading...

Во тоа време на власт беше првата влада на Бојко Борисов, а министер за внатрешни работи Цветан Цветанов.

Но, тој беше ослободен со кауција и на крајот ослободен, а следната година, во јули 2011 година,

Петров се кандидираше на претседателските избори, но освои нешто помалку од еден процент од гласовите.

Четири години подоцна, имаше втор обид за атентат кога врз него беше фрлена експлозивна направа.