Кои средни училишта ги избраа кумановските полуматуранти?

Сподели со своите пријатели

Заврши првото пријавување на полуматурантите за упис во средните училишта, при што околу илјада ученици веќе избрале каде ќе го продолжат своето образование.

Loading...

Според податоците на Секторот за образование при Општина Куманово, годинава поголем интерес владее за стручните училишта.

Така најголем број на запишани ученици има во Техничкото училиште „Наце Буѓони“ каде се пријавиле 388, а запишале 322 ученика. Од нив 177 на македонски, а 145 на албански наставен јазик.

Вкупно 336 ученици се пријавиле електронски во економското „Перо Наков“, а запишани биле 206, од кои 146 на македонски наставен јазик, а 60 на албански.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Во Државното средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“, како што информираше директорката Весна Трајковска, запишани биле 135 ученици на македонски и 55 на албански наставен јазик.

Послаб интерес годинава владее за упис во двете гимназии. Така во Гимназијата „Гоце Делчев“ во првиот уписен рок се пријавиле 164 ученици, од кои 161 на македонски наставен јазик.

Во Гимназијата „Сами Фрашери“ пак се пријавиле 124, а запишале 116 ученици кои ќе посетуваат настава на албански јазик.

Раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово, Александар Јовановиќ, вели дека интересот за техничките училишта и дуалните паралелки годинава е поголем.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грк приведен на Табановце поради нудење поткуп

– Дали кампањите, интересот, дали потоа размислување на понатамошно образование и работа, техничка струка е повеќе застапена во споредба со минатите години. Дали тоа го направи онаа кампања на МОН „Учи паметно, работи стручно“, малку се зголеми интересот за овие паралелки во техничкото училиште, пред се и дуалните паралелки исто така се застапени оваа година повеќе од минатите, вели тој.

Куманово, вели Јовановиќ, е најголемата општина, па така сѐ уште држи и задоволителен број ученици во споредба со останатите градови во државата.

Со воведувањето на многу нови струки во училиштата во Куманово, појаснува раководителот, намален е бројот на ученици кои своето образование ќе го продолжуваат надвор од градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонец и Пакистанец шверцале Кинези низ кумановско

Никола Ивановски