Кои се најголемите профитери од пандемијата?

Сподели со своите пријатели

Пандемијата осиромаши многу луѓе, збогати некои претприемачи, додека други станаа уште побогати.

Loading...

Некои индустрии се во голема криза, други одеднаш се многу барани.

Богат, и уште побогат, Џеф Безос

 

 

Основачот на Амазон, Џеф Безос е надвор од секоја категорија. За време на пандемијата Амазон работи подобро од кога било.

Цената на акциите скока од рекорд на рекорд. Безос, најбогатиот човек на светот и пред пандемијата, сега стана многу побогат и има 160 милијарди евра.

Loading...

Илон Маск фрли око на врвот

 

 

Правите автомобили, но ве ценат како технолошка компанија! Илон Маск успеа со Тесла.

Неговата компанија профитираше од бумот што го предизвика пандемијата на берзата околу сè што е поврзано со технологијата.

Претприемачот роден во Јужна Африка неодамна го престигна Бил Гејтс и со богатство кое моментално се проценува на 110 милијарди евра, се упатува кон врвот каде што се наоѓа Безос.

Работа од дома – Zoom

Loading...

 

 

Работата дома за време на пандемија е голем благослов за Ерик Хуан. Основачот на комуникациската платформа Зум, дошол во САД од Кина кога имал 27 години.

По неколку години работа за WebEx, тој основа своја видео платформа и во 2019 година излезе во јавноста.

Цената на акациите на Зум експлодираше. Нето-вредноста на љубителот на кошарката Хуан се проценува на 16 милијарди евра.

Спорт од дома – Пелотон

 

Loading...

 

Затворените спортски сали и ограничениот контакт му одеа во прилог на Џон Фоли.

Во 2013 година, тој беше почетник и се обидуваше да добие капитал за неговата мрежна опрема за вежбање – денес, инвеститорите го полнат.

Цената на акцијата на Пелотон е тројно зголемена од почетокот на пандемијата и неочекувано го направи 50-годишникот милијардер.

Создавање онлајн продавница

Loading...

 

 

Shopify е софтвер што им овозможува на трговците на мало да создадат свои мрежни продавници и да се поврзат со логистички компании. Тобијас Литке стои зад концептот.

Роден во Кобленц во 2002 година, тој емигрирал во Канада и започнал – во гаража.

Loading...

Shopify сега е највредната компанија во Канада. Цената на акцијата е двојно поголема од март, а богатството на 39-годишникот се проценува на 7,5 милијарди евра.

Одеднаш милијардер

 

Вакцината против коронавирусот развиена од Бионтек од Мајнц, компанија ко-основана и сопственост на Угур Сахин, беше прва во Европа што доби одобрение за масовна употреба.

Loading...

Ова значи дека Шахин, кој се доселил од Турција, не само што одеднаш стана светски познат, туку стана и исклучително богат. Вредноста на неговите акции се проценува на над две милијарди евра.

Готвење дома

 

 

Hello Fresh е компанија што предлага што да се готви и доставува пакет со сите состојки. Од почетокот на пандемијата – профитот е зголемен за три пати, продажбата е двојно поголема – според кварталниот биланс на почетокот на ноември.

Loading...

Ко-основачот и акционер Доминик Рихтер има корист од затворените ресторани и трендот кон готвење дома.

Тој сè уште не е милијардер, но веќе ги има вистинските состојки – и за тоа.

Поранешна сопруга – и уште еднаш Амазон на врвот

 

Loading...

 

Пандемијата и Амазон не го направија само Џеф Безос побогат – Мекензи Скот, неговата поранешна сопруга, заработи добри пари благодарение на неговиот пакет акции.

Таа сега е на врвот на листата на најбогати жени во светот – со богатство проценето на скоро 60 милијарди евра.

Leave a Reply