Кои се Димески и Војнеска-Зикова двајцата кандидати за претседател на МОК?

Сподели со своите пријатели

Македонскиот Олимписки Комитет избира нов претседател, а во трка се двајца кандидати Даниел Димевски и Александра Војнеска Зикова.

Loading...

Ти ги доставија своите биографии и програми за работа со кои се кандидираа, а во продолжение дел од нивните спортски успеси.

Димевски, според информациите од спортските кругови ја има најголемата поддршка од клубовите, спортистите и федерациите да седне во менаџерското столче на МОК.

Но, кој е Димевски?

Роден е на 30 април 1969 година во Скопје, а целиот свој живот го посветил на спортот.

Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на Правниот факултет во Скопје на Отсекот за меѓународно право, политика и дипломатија.

Својата спортска кариера ја започнува како претседател на КК Работнички од 1996-2001, период во кој четири пати клубот е државен првак на Македонија.

 

Loading...

 

Претседател е на Македонската кошаркарска федерација од 2005 до 2015. Ја превзеде Федерацијата во дивизија Б за веднаш потоа да се пласира во дивизија А и четири пати по ред да обезбеди учество на завршниците од европските првенства вклучително и освојувањето на епското 4-то место во Литванија што е досега највисокиот пласман на една репрезентација од колективните спортови.

Претседател бил и на натпреварувачката комисија на ФИБА Европа 2010-2014 при што го промени форматот од 16 на 24 земји учеснички на ЕП, воведе нов систем на организација на ЕП со повеке земји коорганизатори, додели и организираше 13 ЕП за млади категории во Македонија.

Беше кандидат за Претседател на ФИБА Европа 2014 год. каде во финалната изборна рунда загуби од сега актуелниот претседател.

Член е на Управниот одбор на МОК од 2012.

Поседува титула Програмски директор и е официјален предавач на Напредниот семинар за спортски менаџмент под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет- ИОК, на предметот – Финансиски менаџмент, од 2015 наваму.

Од 2017-2020, Советник на Премиерот на РСМ за прашања од областа на спортот.

Loading...

Автор е и реализатор на Ваучерскиот систем за финансиска подршка на спортот.

За неговиот квалитет зборуваат и низата награди кои ги има освоено во својата долгогодишна кариера.

Добитник е на највисокото државно признание – Златен медал (орден) за заслуги за Македонија за промоција на државата во областа на спортот.

 

 

Добитник е на Признанието „Спортски работник на деценијата“ . Четири пати прогласуван за најдобар спортски клуб.

Два пати прогласен за најдобра национална спортска федерација.

Loading...

Добитник е на престижното ФЕР ПЛЕЈ признание од ФИБА Европа за својот учинок во рамките на таа организација.

Признание за исклучително успешно раководење на Натпреварувачката комисија на ФИБА Европа како нејзин претседател.

Доделена титула „Honoris Causa“ за посебни заслуги во развојот и промоцијата на спортот од Факултетот за општествени науки-Скопје.

Има титула на Почесен граѓанин на градот Темпи во Аризона, САД.

Не е член, ниту досега членувал во ниту една политичка партија. Оженет е и татко на четири деца.

Неговата програма со која се кандидираше можете да ја погледнете ТУКА.

Loading...

Негов единствен противкандидат е Александра Војнеска-Зикова.

Родена е на 2 мај 1981 година во Скопје. Во својата атлетска кариера постигнува значајни резултати како спортист и сѐ уште е актуелен рекордер на Македонија. Има учествовано на европски и светски првенства и Олимписките игри, каде има освоено повеже медали, награди и признанија.

 

 

Loading...

Дипломирала на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и е вработена како професор во основно училиште по предметот спорт и спортски активности. Мастер студиите ѝ се сѐ уште во тек.

Како тренер има настапувано на балкански, европски и светски првенства и Олимписките игри. Неколкупати е прогласувана за најдобар тренер, а воедно е и тренер на најдобрата македонска атлетичарка Дрига Ислами.

Во својата спортска кариера е претседател на Атлетската федерација од минатата година, каде од 2015 до 2019 била потпретседател, член е на ИО на истата федерација од 2012 до 2015 година. Претседател е на Совет за спорт при Агенција за млади и спорт од 2017 година, членува во претседателскиот совет на Балканската атлетска федерација од минатата година, од 2013 година е член на Извршен одбор на Македонска олимписка федерација, а како тренер работи во АК Работнички од 2009 година.

Од минатата година е претседател на ЛОК Европски тимски Шампионат трета лига – Скопје, но и ЛОК Конгрес на Европска Атлетска Федерација – Скопје од 2013тата.

Од нејзините професионални успеси и награди ги издвојува двократното учество на Олимписките игри во Атина во 2004 година и во Лондон 2012 година како тренер.

Loading...

Актуелен државен рекордер на 100 м и 200м спринт, прогласена за жена лидер на Форумот Варшава 2015, а поседува и тренерска значка за европска атлетика.

Нејзината програма со која се кандидираше можете да ја погледнете ТУКА.

Никола Ивановски


Leave a Reply