Многу пати сте слушнале дека не би требало да седите со прекрстени нозе поготово доколку имате проблеми со циркулацијата. Но, постои ли навистина научно објаснување зошто тоа не треба да го правите? Во продолжение неколку работи на оваа тема кои би требало да ги знаете.
Варикозните т.е. проширени вени и симптомите како болка, чувство на тежина и отекување во нозете, грчеви, чешање, морници и немир во нозете често се поврзуваат со седењето со прекрстени нозе, но тоа и не е баш така. За да ја превенирате појавата на проширени вени, вежбајте редовно, избегнувајте долги периоди на стоење и проверете дали кај вашите родители некој имат вариказни вени затоа што тоа е наследно.
Што се случува со останатите проблеми како оштетување на нервите, високиот притисок и лошото држење кои кога тогаш се поврзуваат со начинот на кој седиме. Се покажало дека седењето со прекрстени нозе може ад ги предизвика овие проблеми, но поголемиот дел од проблемите се само привремени.
Кога ќе ги прекрстите нозете перонеалниот нерв кој се наоѓа зад колената и носи чувство во нозете и стопалата. Откако ќе ги поставите нозете поразлично, притисокот се ослободува и работите се враќаат во нормала.
Истражувањето на „Journal of Clinical Nursing“ прекрстените нозе ги поврзува со високиот притисок. Седењето со прекрстени нозе навистина го покачува притисокот, но тој се враќа во нормала откако ќе престанеме така да седиме. Сигурно не сакате да имате висок притисок поради постојано седење со прекрстени нозе па така станете и прошетајте на секои 15 до 20 минути.
Постои и теорија дека седењето со прекрстени нозе може да влијае на држењето, а тоа може да ви го поремети дишењето и да ви го зголеми стресот. Ова е делумног точно. Доколку седите исправено нема да има никаква штета, но прекрстените нозе прават повеќе да се изгрбавиме. Значи прекрстените нозе нема да не убијат само одморете и повремено протегнете се.