Кои лекови доведуваат до дебелеење?

Сподели со своите пријатели

Кој се обидел да намали неколку килограми, знае дека тоа не е толку лесна работа. Постојат меѓутоа мерки кои може да ги преземете за да не се зголеми масата. Како за почеток заменете ги лекарствата, советува истражувањето објавено во списанието Gastroenterology што разгледува кои често препишувани лекови доведуваат до дебелеење.

Loading...

Во студија истражувачите од медицинскиот колеџ Weill Cornell откриле дека често до акумулација на килограми водат воспалителни лекови како глукокортикоиди (со кои можат да се лекуваат автоимуни заболувања или астма), инјекциите инсулин, лекот за хипертензија метопролол и лекарската против алергија, позната како антихистаминици.

 

 

Антидепресивите исто така можат да доведат до дебелеење. Има луѓе кои генерално се склони кон дебелеење и земајќи ги овие лекови влегуваат во маѓепсан циклус. Доста лекари не ги земаат предвид овие нивни специфики и ги препишуваат без дури да ги предупредат. Во еден момент се покажува дека пациентите пополнуваат прогресивно и дури не разбираат од што, објаснува авторот на студијата Леон Игел.

Добрата вест е дека сите овие здравствени состојби можат да бидат третирани со лекови кои не предизвикуваат дебелеење. Многу помала веројатност за зголемување на тежина имаат антидепресантите флуоксетин (Prozac), бупропион (Wellbutrin) и сертралин, втората и третата генерација антихистаминици, локални антиинфламаторни лекови, антихипертензиви, наречени АКЕ инхибитори и догов и алфа-гликозидаза инхибитори за третман на дијабетес .

 

Loading...

 

Истражувачите советуваат да ги пратите вашата тежина при земањето на различни лекови од овој вид и да ги коментирате со вашиот лекар. Ако забележите дека зголемувате килограми, без да сте го промениле начинот на живот, побарајте алтернативни лекови.