Кога всушност престанува младоста?

Сподели со своите пријатели

Иако многупати слушаме дека човекот е млад се додека така се чувствува, сепак општеството има некои прилично строги гледишта за тоа кога престануваме да сме млади.

Loading...

Според резултатите на анкета која ја спровел институтот „YouGov“, младите Британци прилично јасно ја дефинираат младоста, средовечноста и староста.

Секогаш доцните? Имаме добри вести за вас!

Според анкетата, младоста „исчезнува“ во 29. година.

Имено, според резултатите, кога ќе наполните 30 години, поголемиот дел од останатите луѓе повеќе нема да ве сметаат за млад.

Останува нејасно во која група припаѓате по 30 роденден, затоа што учесниците во анкетата јасно рекле дека средовечноста започнува од 47 години.

Староста настапува во 70. година, но не верувајте во се што ќе слушнете.

15 животни мудрости од постарите кои треба да ги прочитате

Loading...

Поголемиот дел од испитаниците во анкетата биле под влијание на сопствените години, пишува Индепендент.

Влијанието на годините најмногу се негирало токму кај оние во триесетите, а добар дел од нив не знаеле во која категорија да се сместат.

Дури 33 отсто рекле дека се средовчени, 32 отсто веруваат дека се млади, а преостанатите 30 проценти рекле дека не припаѓаат ниту во една од двете категории.

Leave a Reply