Кога технологијата ќе ве „зезне“: Интимна снимка со нејзиниот маж завршила кај мајка ѝ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кара Тонин од Канада на TikTok изјави дека случајно и испратила интимно видео на нејзината мајка.

Loading...

Имено, на својот мобилен телефон има вклучена опција за автоматско препознавање на лице на фотографии и видеа. Исто така, секоја содржина на која се препознава лицето на нејзиниот син автоматски се синхронизира со профилот на нејзината мајка, баба на момчето.

„Ова е предупредување за секој што користи „Google Photos“или која било апликација за препознавање лице“, предупреди таа на почетокот на видеото.

Еден ден дошла до идеја да го зачини интимниот живот на неа и нејзиниот сопруг, па го снимила нивниот однос. Заборавила дека на позадината, на фрижидерот, има фотографија од нејзиниот син.

„Зарем технологијата не е неверојатна? Малку премногу ако ме прашате”, додаде таа.

Имено, апликацијата го препознала лицето на нејзиниот син на фотографијата во позадина, па видеото веднаш стигнало до мајката на Карин.

„Извини, мамо“, рече Кара посрамено.

Видеото е прегледано 1,8 милиони пати за два дена.

Loading...

 

@karatonin#imtheaprilfool #clown #thisisnotaprank #googlephotos #facialrecognition #fyp #foryou #wedorecover #imsorrymom #justdidabadthing #iregretthethingidid

♬ Spongebob – Dante9k


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *