Кога поради тетоважата стануваш ХИТ на социјалните мрежи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Маж од Индијана со тетоважа на челото на која пишува „криминалот се исплати“е уапсен втор пат од декември минатата година.

Loading...

Доналд Мари (38) бил уапсен вчера по кратката полициска потера во неколку улици, пренесува WTWO. Тој е обвинет за отпор при апсење, поседување метамфетамин и кражба на автомобил.

Мари се појави во епизодата на телевизиското шоу „Лајв ПД“ кон крајот на ноември, откако избегал од полицијата која го забележала дека вози без светла.

Полицијата соопшти дека Мари удрил со својот автомобил во дрво пред да побегне пеш. Тој оставил сопатник во автомобилот кој и рекол на полицијата дека не го знае неговото име.

Тој бил ослободен од затвор, а неговата фотографија предизвика многу реакции на социјалните мрежи.

„Каква иронија“, е само еден од коментарите.

Loading...

Leave a Reply