Кога ќе ги помешаш војните и народите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, направи неверојатна грешка за време на својот говор за состојбата на нацијата мешајќи два народа, Украинците и Иранците.

Loading...

За време на своето обраќање пред Конгресот, Бајден зборуваше за руската инвазија на Украина и рече:

„Путин може да го опколи Киев со тенкови, но никогаш нема да ги освои срцата и душите на иранскиот народ“.

Овој гаф брзо стана хит на социјалните мрежи, а на сметка на американскиот претседател се правеа разни шеги.