12.10.2019 09:00

Кога фарбањето ќе тргне на лошо: Отстранете ја несаканата боја на косата


Дали ви е здодевно со вашата моментална боја на коса и повеќе не сте задоволни од тоа како изгледате? Дали имате боја, но не ви се допаѓа крајниот резултат и бојата на косата?

Ако сте во ситуација кога повеќе не би излегле надвор заради бојата што сега ја имате, време е да ги преземете следниве мерки…

loading...

Евтин и безбеден метод за отстранување на несаканата фарба и бојата на косата, од вас бара да имате при рака шампон и сода бикарбона.

Постапката е следна: Измешајте шампон и сода бикарбона. Потоа натопете ја косата со оваа мешавина, која ќе остане така неколку минути. Исплакнете со топла вода. Повторувајте неколку дена додека не ја снема целата несакана боја.

Јаболков оцет е добар за коса од многу причини. Богат со хранливи и корисни нутритиенти, а исто така и дава на сјај на косата. Сепак, не може да ја отстрани бојата на косата. Меѓутоа, со редовно миење со јаболков оцет, бојата може да биде посветла за две до три нијанси.

Имајте на ум дека овие методи многу ја сушат косата.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments