Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ утре со прес конференција на градскиот плоштад

Сподели со своите пријатели

Под инцијативата „Заслужуваме подобро!“ утре на градскиот плоштад „Нова Југославија“ пред споменикот на Батко Ѓорѓија со почеток од 12 часот ќе се одржи прес конференција во организација на неформалната коалиција „Граѓаните за Македонија“.

Loading...

На конференцијата ќе се обратат граѓански активисти, претставници на граѓански организации, кои во текот на ноември и декемвбри годинава ќе спроведат теренски разговори, настани и медиумски активности низ целата држава, со што граѓаните конечно ќе добијат можност да разговараат за своите секојдневни проблеми и за потребите за подобар живот, информираат од коалицијата.