Клубска изложба „Мајски салон 2024” во Куманово

Сподели со своите пријатели

Велат дека фотографијата зборува илјада зборови. Фотографија е цртање со светлина и претаставува индивидуален начин на интерпретација на реалноста од страна на оној кој е зад објективот. Начинот на работа и погледот низ објективот се исти, но секогаш различни. А во корен на се е љубовта и посветеноста кон неа.

Loading...

Квалитет на едно уметничко дело се одредува според количина на чулна стимулација што ја предизвикува. Уметничка фотографија е дело што мора да предизвика одредени чуства кај гледачите. Фотографијата може да го направи секој момент вечен.

Една ваква уметничка презентација на светот гледан низ објектив, претставува и овогодинешната клубска изложба на Фото Кино Клубот “Козјак”- Куманово позната како “Мајски салон 2024”. Публиката ќе има можност да види најразлични фотографии, моменти од реалноста, емоции, многу мигови зграпчени и ставени во рамка. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која и пристапуваме на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има ФКК “Козјак”.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  51-годишен кумановец натепан на градскиот плоштад

Изложбата “Мајски салон 2024” која е и традиционална клубска изложба на ФКК “Козјак” ќе биде официјално отворена на 16.05.2024 (четврток) во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово со почеток во 19:30 часот. Посетителите во склоп на салонот ке имаат можност да ја видат и изложбата на уметничка фотографија насловена “Блиски средби” од членовите на Фото клуб “Лесковац” од Србија.

Пред самото отворање на изложбите, ке биде одржано свечено збратимување со Фото клуб “Лесковац” од Србија и нашиот Фото Кино Клуб “Козјак”- Куманово во Занаетчиски дом – Куманово со почеток од 18:30 часот.

Покровители на изложбата се Општина Куманово, традиционално подржана од НУЦК Трајко Прокопиев, долгогодишните покровители К-Нет и истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18-годишна девојка приведена оти питачела во Куманово со малолетници

Исто така би сакале да го најавиме и нашиот традиционален Филмај 2024 – фестивал на краток филм, чие издание ке биде кон крајот на овој месец.

Интегрално соопштение: Фото – кино клуб „Козјак“ – Куманово

Loading...