Клубовите ќе загубат скоро милијарда евра ако се отакаже сезоната

Сподели со своите пријатели

Клубовите во ЛаЛига би можеле да загубат голема сума пари доколку сезоната се откаже, јавуваат шпанските медиуми.

Loading...

Економските последици од пандемијата на коронавирус полека излегуваат на виделина и стануваат сè поголеми.

Најновата информација ни доаѓа од Шпанија, бидејќи локалните медиуми пишуваат дека клубовите од ЛаЛига би можеле да загубат околу 957 милиони евра доколку сезоната биде откажена.

Фудбалот во Шпанија е суспендиран на неодредено време поради пандемијата на коронавирус, УЕФА го стори истото со своите натпреварувања, а како што пишуваат спортските медиуми има шанси сезоната да заврши до крај.

Тоа прилично би ги намалило загубите во тимот, играњето без навивачите загубите би биле околу 300 милиони, додека со публиката би биле околу 150 милиони евра, што би било сосема прифатливо во оваа ситуација.

Фудбалерите на Барселона и Атлетико Мадрид веќе се согласија на намалување на платите од 70 проценти за да им помогнат на работниците во клубот да ја добијат целата плата.

Leave a Reply