Клиниките располагаат со 120 респиратори

Сподели со своите пријатели

Македонија располага со вкупно 120 респираторни машини, од кои близу 90 се во скопските установи, информираше денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Како што додаде министерот, дополнително при потреба на располагање ќе се стават и оние од приватните здравствени установи.

– Целиот медицински персонал во сите јавно здравствени и приватни установи, и приватни болници, ги мобилизираме и ставаме на располагање согласно нашиот план доколку е потребно да работат доколку биде потребно, сакам да изразам благодарност на приватните болници кои сите капацитети ги ставија на располагање, изјави Филипче.

Како што информираше министерот, Клиниките нема да одржуваат утрински стручни колегиуми, туку тоа ќе го прават телефонски, а исто така и ќе се координираат за работата по телефон.

– Назначен е координатор на служба за инфективни болести од дебар тоа е проф од Инфективната клиника кој следниот час ќе се упати таму и ќе работи, во врска со петте вчера дијагностицирани, и дополнително со нови тестирања, координација и работа на лекарите кои веќе се ратму епидемиолог и двајца инфектолози, информираше министерот.

Детската болница во Козле целосно ќе се спреми да прими деца евентуално заоблени од коронавирусот.

– Сите сега хоспитализирани во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат префрлени на Клиниката за педијатрија со цел децата да бидат изолирани од возрасните доколку имаме таков пациент, но и од останатите деца кои се лечат на Клиниката за педијатрија, рече Филипче.

Ситуацијата во Дебар и Центар Жупа кои се во целосна изолација, како што рече министерот, е стабилна.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply