Кличко: Тројца повредени во ракетниот напад на Киев утринава

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека остатоците од рускиот воздушен напад утринава врз Киев запалиле неколку автомобили и оштетиле зграда во населбата Соломјански во западниот дел на главниот град.

Loading...

Повредени се три лица.

Тој додаде дека системите за противвоздушна одбрана одбиле напад на руски дрон јужно од градот Бориспил, кој се наоѓа југоисточно од Киев.

Во Бориспил се наоѓа главниот патнички аеродром во Киев, кој беше затворен поради војната.

Воената управа на Киев наведува дека нема значителна штета во другите делови на градот, додека сѐ уште се собираат информации за потенцијално повредени.