КК Пинк Пантери гостуваше кај гигантот ЦСКА Москва (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб “Пинк Пантери” од Куманово од 10 -ти до 13 -ти декември престојуваше во Русија во Москва, каде беа гости на познатиот европски гигант ЦСКА Москва.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”257″]

 

Со гостувањето продолжува континуитетот на претходно зацртаните планови на клубот и константно гостување и одигрување на квалитетни натпревари  со познати европски клубови, вели Бојан Златковски, дирекот на КК “Пинк Пантери”.

По соработката со Бенетон Тревизо, Фенербахче Истанбул и Барселона во изминатите неколку месеци, сега на ред дојде и гостувањето во Москва каде кумановските кошаркари одиграа два натпревара, и тоа против екипата на домаќинот Цска и вториот  против нивниот братски клуб екипата на Тринта.

Првиот натпревар беше против екипата на ЦСКА Москва во петокот во салата на нивниот тренинг центар што заврши со победа на домаќинот од 84-65. Вториот натпревар се одигра во саботата во спортскиот центар на Тринта против истоимената екипа, и тој натпревар заврши со победа на домаќинот од 81-62. Резултатите од двата натпревара сепак беа во втор план, а младите кошаркари на Пинк Пантери имаа уште едно меѓународно искуство, но и можност да видат до каде се во споредба со нивните врсници од Русија.

Во тие неколку дена поминати во Москва, додава Златковски,  децата имале можност и да го проследат тренингот на првата екипа на ЦСКА, а во петокот во живо го проследиле и натпреварот од евролигата помеѓу домаќинот Цска и Дарушафака од Турција. Слободното време кумановскиот тим го искористил и за прошетка низ градот Москва, а со претставниците од ЦСКА е договорено соработката да продолжи и понатаму.

За нас како клуб кој постои седум години е вистинско задоволство и привилегија што во изминатиот период децата од нашиот клуб имаа можност да играат квалитетни меѓународни натпревари против познати  европски клубови. Со прикажаните игри на тие натпревари, на  достоен начин ја презентираме македонската кошарка надвор од нашите граници. Тој тренд на гостување ќе продолжи и понатаму, се` со цел децата да се стекнат со непроценливо искуство кое многу ќе им значи за понатамошниот развој на нивните кошаркарски кариери.

Во наредниот период Пинк Пантери треба да гостуваат и во Изрел, каде ќе бидат гости на повеќекратниот европски првак Макаби Телавив, со кој ќе одиграат неколку натпревари.

Веќе на почетокот на февруари е договорено гостување во Загреб каде ќе бидат одиграни натпревари со екипите на Цибона и Цедевита.