КК Куманово загуби од Роса Радом и се збогуваше од ФИБА Еврокупот (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Играчите на КК Куманово го загубија мечот против екипата на Роса Радом со резултат 89:73, а воедно го завршија својот настап во ФИБА Еврокупот за оваа сезона.

Loading...

[huge_it_gallery id=”242″]

Првото водство од 3:2 на КК Куманово во првите неколку минути од играта, потоа збогатено со голем број грешки донесе негатива од седум поени веднаш по првите десет минути од натпреварот.

На полувремето резултатот беше со 13 поени разлика во предност за гостинската екипа, односно 51:38. Подобрата организација на КК Куманово во второто полувреме сепак не донесе значителни промени, па така резултатот заврши со пораз врз кумановци.

Најмногу поени оствари Александар Костоски и тоа 19, додека Инграм и Јанески мечот го завршија со по 14 освоени бода. Во спротивната екипа најдобар со 19 поени беше Михаил Соколовски.

Loading...

Тренерот на КК Куманово, Страшко Тодоровиќ истакна дека сега играчите ќе се фокусираат на домашното првенство со новите засилувања во клубот.

На играчите оваа утакмица не им значеше ништо, ни на нив, ни на нас, игравме со поквалитетна екипа од нас, со поголем буџет, така да на моите играчи мотивацијата им беше на нула и мислам дека одигравме добро. Заслужено загубивме и се опростивме од ФИБА купот – додаде Тодоровиќ.

Се обидовме да победиме затоа што оваа игра беше последната во ФИБА Еврокупот и очигледно е дека постојат разлики во квалитетот измеѓу нас и нив, затоа сега ќе се фокусираме на македонската лига – изјави Урош Петровиќ.

Тренерот на Роса Радом упати честитки за добрата игра на двата тима и истакна дека добрата игра е од големо значење за неговиот тим за продолжување во понатамошниот дел од купот.

За Куманово ова беше тешка игра, затоа што тие знаеа дека не одат во следниот круг – изјави Михаил Соколовски.

 

Ова воедно беше и последниот натпревар кој КК Куманово го одигра во овогодинешната сезона на ФИБА Еврокупот.

 

Loading...

 

Во домашната кошаркарска лига следниот натпревар во гости ќе го играат со МЗТ Скопје – Аеродром во среда, додека следната сабота ги пречекуваат играчите на Карпош Соколи.