КК Куманово загуби и од МЗТ Скопје (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

МЗТ Скопје Аеродром имаше -10 во последната четвртина, но со пресврт го победи Куманово (70:65).

Loading...

 

 

Иако беа со преполовен состав, иако имаа минус од десет поени, на нешто повеќе од четири минути, на крајот, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до планираната победа на гостувањето во Куманово.

 

 

Loading...

Кумановци ја добија првата четвртина со (18:16), но не требаше да помине многу време, нецели две минути од втората, за гостите од Скопје, преку расположениот Милошевиќ, повторно го превземат водството. По почетните (6:4), поведоа со (21:20), а по реализираното слободно фрлање на Рикиќ и со (22:2).

 

 

Знак за тренерот на Куманово Владимир Мирковски да го прекине натпреварот со тајм-аут. Без особена предност на двете страни на теренот. Ниту еден од двата ривали не успеа да направи „крупна предност“. Така беше и на полувремето, заврши со „минималец“ за Куманово 2009 (31:30). Бројот на дадени поени – 61, говори за квалитетот на играта во првото полувреме кое двете екипи веројатно сакаа што побрзо да го заборават.

 

 

Loading...

Во продолжението на играта, мала измена…

МЗТ Скопје Аеродром во два наврати, обезбеди предност од пет поени (40:35) и (42:37). Но тројката на Зивчевиќ донесе нов егал резултат, (42:42) во средина на третиот период, во кој имаше уште една промена на водството. Но во корист на кумановци, кои во 28.минута, поведоа со (49:45). Евидетно во играта на гостите беше недостиг на вистинска организација на играта. Теретот на играта остана само на Николов. Новиот плејмејкер, Морис Кари, остана на клупата, во Куманово пак ги немаше ниту Мекиќ и Војдан Стојановски.

 

 

Шампионот имаше заостанување од само „половина кош“ (51:52).

Но проблемите за нив станаа поголеми на почетокот на последниот дел од играта. Куманово реализираше и највисоки плус 7 (58:51), потоа и (60:53), во 34.минута. Само четири поени даде гостинската екипа за нешто повеќе од пет минути од последната четвртина. За „поправка“ им останаа само 4:45 минути кои ги дочекаа со истиот минус (55:62). Тројката на Абром за прв двоцифрен плус-резултат (65:55) ги доближи кумановци до големото изненадување.

 

Loading...

 

Дејвис, Рикиќ и Николов ги вратија „металците“ во игра (62:65). Но серијата не застана тука, затоа то по забивањето на Рикиќ, МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи серијата на (11-0). За ново нивно водство (66:65) кое стоеше на семафорот на 1:46 минути до крајот. Високиот Хрват погоди уште еднаш, од дистанца… Во следниот напад го блокираше Абром, а на Николов и Милошевиќ остана да ги казнат сите пропусти на домаќините во последните пет минути од играта.

 

 

Loading...

Доволно за далеку „помирен пат“ кон Бања Лука каде се нивните следни обврски во АБА 2 лигата.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

Текст: КФСМ / фото: Никола Ивановски