Откако управата на кошаркарскиот клуб Куманово вчера го крена гласот против раководството на Македонската кошаркарска федерација од таму пристигна обвинување дека Куманово сака ад ги сокрие внатрешните проблеми и неспособности.
Одговор повторно пристигна од управата на сино-белите, а истиот го пренесуваме интегрално:
Почитуван Претсетаеле на МКФ, и понатаму продолжувате со дрско, неодговорно однесување кон клубовите, членки на Прва Македонска Кошаркарска Лига. Наместо да се засрамите за вашите одлуки со кои ги држите во заложништво клубовите и самото отпочнување на натрпеварувањето во Првата лига, со што нанесовте огромни штети на истите, вие на недостоен начин манипулирате со македонската јавност, се со цел да ги прикриете вашите неуспеси и вашиот однос кон македонската кошарка и исклучиво вашите лични финансиски интереси да ги ставите во прв план.
Ние направивме енормни трошоци во изминатите три месеци, неодигрувајќи ниту еден натпревар во домашното првенство. Поради вашите ригидни ставови околу висината на средствата за лиценца на странските играчи и котизацијата за да под притисок на ваше опстојување, реферирате и правите поединечен пазар со клубовите.
Ние понудивме компромисни решенија за решавање на енормно високи казни, кои намерно ни ги поставивте во висина од околу 14.000 евра, за да по уплата на првата рата од трите, ретериравте во ставот и покрај потпишаниот договор сега не условувате и барате целосна исплата, се со цел да ни се реванширате за нашиот принципиелен став, поради катастрофалната состојба во кошарката да бидете сменет од местото претседател на МКФ.
Поради ваквото безобразно и манипулативно однесување, ние ќе продолжиме да се бориме во рамките на институциите се со цел на виделина да излезе вистината за состојбите во македонската кошарка. Најверојтно во скоро време тоа и ќе се случи. Ние како клуб ќе продолжиме со нашите активности, а за ова ваше однесување ќе има морална, а најверојатно и кривична одговорност – стои во дописот на Управата на КК Куманово.
Иако Куманово е најуспешен македонски клуб сезонава во Балканското првенство, за разлика од актуелниот шампион кој изнижа 12 порази во две лиги, управата реши јасно да го крене гласот против лошите одлуки на федерацијата, но засега не наидува на поддршка од останатите прволигаши кои пред извесно време исто го кренаа гласот против одлуката за зголемување на котизацијата за домашни и странски играчи.