КК Куманово во сабота за прв пат годинава дома игра против Работнички

Сподели со своите пријатели

По кратката пауза КК Куманово повторно со изменет состав се враќа на паркетот, овој пат на домашен терен во сабота ќе ги одмери силите со кошаркарите на КК Работнички.

Засега КК Куманово се наоѓа на третата позиција во табелата на домашната лига со вкупно 19 поени, веднаш зад МЗТ Скопје Аеродром на првото место, а на второто Карпош Соколи.

Од клубот велат дека е можно присуство на гостинските навивачи па затоа ги повикуваат сите љубители на домашната кошарка во сабота со почеток од 19 часот да бидат на трибините во спортската сала во Куманово.