КК Куманово во сабота гостува во Гевгелија

Сподели со своите пријатели

Најдобрите македонски кошаркарски екипи викендов ќе го одработат 11 коло.

По десет одиграни кола, лидер на табелата во Првата македонска кошаркарска лига е шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 19 бода (9-1) пред Карпош Соколи со 18 (8-2), третото место на табелата засега е резервирано за Фени Индустри со 16 (6-4), на четвртата и петата позиција со по 15 бодови (5-5) се Куманово и Кожув, во долниот дел на табелата се Работнички 14 (4-6), Струмица 13 (3-7) и Бест без ниту една победа во десетте кола.

Loading...

Единаесеттата рунда во нашето најквалитетно првенство стартува со дуелот во Гевгелија во сабота од 17 часот меѓу  Бест и Куманово.

Вицешампионот Куманово е апсолутен фаворит  во овој натпревар на гостувањето кај дебитантот Бест .

Предводникот на кумановчани Страшо Тодоровиќ  поради разликата во квалитет во корист на неговиот тим ќе може да им даде поголема минутажа на резервистите.