КК Куманово вечервча игра за втора финална победа

Сподели со своите пријатели

На домашен терен кошаркарите на Куманово вечерва ќе ги пречекаат кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром кога во 19:30 часот ќе го одиграат вториот меч од финалето на домашната кошаркарска лига.

Куманово на гостински терен ги совлада противниците и сега и ма предност од 1:0, со што си го олеснува патот доколку вечерва на домашен терен поведе уште со еден поен.

Навивачите и публиката се во еуфорија и се подготвуваат масовно за вечерашнито натпревар, но од управата на клубот вчера излегоа со соопштение во кое упатија апел за мирно, фер и спортско навивање, а сите тврди предмети да ги остават надвор од салата, поради ригорозната контрола која полицијата и редарите ќе ја спроведуваат.

Билетите се во продажба веќе од 12 часот, а четирите влеза вечерва ќе бидат отворени два часа порано.

Натпреварот требаше да започне во 19 часот, но поради директен пренос на МРТ истиот е одложен за половина час.