КК Куманово вечерва против вториот тим на МЗТ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва со почеток во 18:00 часот на домашен терен го пречекуваат тимот на МЗТ Уни Банка, односно вториот тим на МЗТ кој исто така се натпреварува во Првата лига.

Loading...

Станува збор за меч од 7то коло од домашниот шампионат во кој избраниците на тренерот Александар Петровиќ влегуваат како фаворити.

Куманово е на 6то место во табелата, со бод помалку од Кожув и Работнички, односно два бода разлика од Еуро Никел, МЗТ и Гостивар кои се на врвот во табелата.

Мечот се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Leave a Reply