КК Куманово вечерва на гости кај Карпош Соколи

Сподели со своите пријатели

Откако започна домашната кошаркарска лига, КК Куманово бележи еден пораз од Фени Ииндустри од Кавадарци, но и една победапротив актуелниот домашен шампион МЗТ Скопје.

Loading...

Вечерва кошаркарите на Луковиќ ќе бидат пред нов предизвик на гостувањето кај Карпош Соколи. Натпреварот ќе започне во 19:30, а во живо ќе можете да го следите со кликнување тука.

Моменталната состојба на табелата на официјалната страница на МКФ вели дека КК Куманово се наоѓа на 5-то место од машката прва лига, со три поени, додека вечерашниот противник е на првото место и има 4 освоени бода.

Следниот натрепвар Куманово ќе го игра веќе на 31-ви кога на домашен терен ќе го пречека Бест.