КК Куманово вечерва ја започнува битката за финале

Сподели со своите пријатели

Денеска во 19 часот на гостински терен КК Куманово ја започнува битката за пласман во финалето до домашната кошаркарска лига каде ќе мора да оствари три победи над Карпош Соколи во полуфиналните натпреварувања.

Во регуларните средби Куманово од четири одиграни натпревари со Соколите, има остварено вкупно три победи, што влева надеж дека изабраниците на Србиновски ќе влезат во финале со одличната игра.

На домашен терен полуфиналниот меч ќе се одигра во недела, а во исто време ќе се одигруваат и натпревари меѓу МЗТ и Фени индустри.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.