Во рамките на последното 10-то коло од домашната кошаркарска Супер лига, кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен го пречекуваат составот на МЗТ Скопје Аеродром.
Натпреварот е последен во рамките на регуларниот дел од сезоната, по што ќе започне плеј-офот каде место има само за четирите најдобри тима.
Куманово вечерва ќе треба да го победи актуелниот шампион за да без проблем биде дел од плеј-оф завршницата, во спротивно ќе треба да се чека на исходот од мечот Работнички – Фени Индустри и да се направат калкулациите.
Средбата ќе започне во 19 часот во Спортската сала во Куманово.
Loading...