КК Куманово утре против Работнички

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на гостински терен го играат натпреварот од осмото коло во домашниот шампионат, а за противник го имаат составот на Работнички.

Loading...

Избраниците на тренерот Владимир Мирковски имаат тешка задача да ги поправат грешките од стартот, но по минатонеделната победа врз Гостивар се врати ентузијазмот во тимот.

Од досега одиграните натпревари Куманово има две победи, додека Работнички е за нијанса подобар со една повеќе.

Мечот ќе се одигра со почеток во 17 часот во СРЦ Кале.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!