КК Куманово утре го пречекува Еуро Никел

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово и Еуро Никел од Кавадарци утре со почеток од 19 часот ќе ги одмерат силите во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Loading...

Станува збор за натпревар од 13то коло од Првата машка кошаркарска лига во која кумановци на минатата средба впишаа победа по подолга низа порази.

Со малку изменет ростер Куманово го започна вториот дел од сезоната и ќе атакува на кавадарчани кои имаат подобар ранг во табелата и со седум победи и пет порази се на шестата позиција.

Од друга страна избраниците на Владимир Мирковски имаат само три победи, но по првиот меч годинава покажаа дека се подготвени таквата состојба да се промени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Никола Ивановски