КК Куманово со пораз од ФМП на стартот од БИБЛ лигата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово со пораз од 59:63 ја започнаа новата сезона во рамките на регионалното БИБЛ натпреварување, откако на домашен терен вечерва беа совладани од составот на Академија ФМП.

Loading...

 

 

Солидна игра прикажаа избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски на почетокот на натпреварот и имаа четири поени повеќе од противникот. Првата четвртина заврши со резултат 20:16.

 

 

Loading...

Мало потфрлување во играта кумановци имаа во втората четвртина од средбата кога ФМП впиша два поени повеќе па на полувреме се замина со мало водство за домаќините со резултат 31:19.

 

 

Вториот дел од средбата беше крајно неизвесен откако и ниту еден од двата тима не направи значителна разлика во резултатот.

 

 

Loading...

Најефикасен во составот на Куманово беше Холмс со 13 поени, а Ѓукановиќ и Џозеф имаа по 11.

 

 

Најдобар кај Академија ФМП беше Славчо Темелковски со 14 поени, пред Крстајиќ со 13 поени.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски