03.02.2020 08:51

КК Куманово со победа над Вардар

Facebook Twitter Google+

Кошаркарите на Куманово остварија победа во 14то коло од домашниот шампионат, откако на гостински терен го совладаа составот на Вардар со 85:89.

Иако избраниците на теренерот Александар Петровиќ влегоа како фаворити во мечот, сепак вардарци одржуваа резултатски баланс од стартот на средбата.

Loading...

Првата четвртина кумановци беа за само еден поен подобри од домаќините, но веќе во вторите десет минути на паркетот гостинскиот состав успеа да направи предност во резултатот.

По полувремето кумановци влегоа во игра со предност од осум поени, односно 40:48.

Убедлива игра КК Куманово прикажа во третата четвртина, а во последните десет минути иако со тешкотии, не дозволи Вардар да ги надигра.

Мечот заврши со конечни 85:89 за Куманово, кој полека, но сигурно е на чекор од Супер лигата и пласман меѓу најдобрите.

Најдобра игра од избраниците на Петровиќ, прикажа Горјан Марковски со 25 поени, со 19 зад него е капитенот Марјан Јанески, а со 15 Јован Црниќ.

Кај домаќинот, со 20 поени најквалитетна игра прикажа Провел.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments