КК Куманово со нов тренер: Кормилото го презема Марјан Србиновски

Сподели со своите пријатели

Поранешниот селектор на Македонија, Марјан Србиновски е новиот шеф на стручниот штаб на КК Куманово, пренесува порталот Екипа.

Србиновски доаѓа на местото на тренерот Страшо Тодоровиќ, кој беше тренер минатата сезона и заменет со Љубисав Луковиќ и повторно вратен на тренерската позиција по неговата оставка.

Тодоровиќ наводно е сменет по неуспехот на завршниот турнир од Купот на Македонија каде кумановци загубија во полуфиналето од Карпош соколи, пренесува Екипа.

Се договоривме со раководството на Куманово, соработката ќе трае до крајот на оваа и во текот на следната натпреварувачка сезона. Станува збор за квалитетен тим составен од добри кошаркари, имам доверба во ростерот што ќе го имам на располагање. Нормално дека целта ќе биде борба за висок пласман и мислам дека сме подготвени за такво нешто, иако нема да биде нималку лесно бидејќи сезонава првенството е максимално израмнето. Со заедничка напорна работа можеме да ги оствариме резултатите што ги посакуваме, затоа и го прифатив овој предизвик“ – изјави Србиновски за ЕКИПА.

Фото: Спортмедиа.мк

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.