КК Куманово со нов тренер до победа против Фени Индустри (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

КК Куманово на мечот кој вечерва го одигра на домашен терен против играчите на Фени Индустри запиша победа во рамките на осмото коло од домашната кошаркарска лига.

Loading...

[huge_it_gallery id=”238″]

Под палка на старо-новиот тренер Страшо Тодоровиќ, кој го замени Љубисав Луковиќ кој поради лошите резултати се збогуваше со КК КУманово, кумановци извојуваа победа од 85:76.

Првата четвртина беше со одлична игра на домаќинот кој за четири минути постигна двоцифрено водство со резултат 16:6, а потоа достигна и фантастични 16 поени предност, односно резултат од 29:13. Во вторите десет минути од натпреварот, КК Куманово и понатаму остваруваше високо водство овој пат од неверојатни 21 поен разлика, односно резултат од 44:23.

На почетокот на второто полувреме резултатот скоро се изедначи, но искусните играчи на КК Куманово не дозволија да го загубат мечот. На крај натпревароот го завршија со девет поени разлика.

Најдобар беше репрезентативецот Александар Костоски со вкупно 27 постигнати поени и тоа седум постигнати тројки од 14 обиди, а секако за пофалба е и играта на Урош Луковиќ кој освои 22 поени, девет скока и четири блокади. Во спротивната екипа најдобри беа Драган Тубак со 21 поен и Карло Враговиќ со 18 поени.

Loading...

КК Куманово и Фени Индустри сега се на исто бодовно ниво во табелата, а се зависи од мечевите од втората етапа.

Следниот меч во домашната лига КК Куманово ќе го играат на гости кај МЗТ Скопје Аеродром, на 5-ти декември.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.