КК Куманово со апел навивачите да се воздржат од провокации на утрешниот натпревар

Сподели со своите пријатели

Управата на Кошаркарскиот клуб Куманово на прес конференција која ја одржа денес упати апел до сите оние кои утре ќе присуствуваат на натпреварот со МЗТ да се воздржат од било какви провокации.

Уште еднаш апелираме до сите наши верни навивачи кои навистина го сакаат клубот, на наредниот натпревар да се воздржат од било какви провокации и неспортско навивање кон сите учесници на теренот, кои му штетат само на нашиот клуб и можат да доведат до санкции. Апелираме до сите кумановчани да покажеме дека најкошаркарскиот град во Македонија може да организира кошаркарски празник и да приреди фантастична спортска атмосфера по која сите ќе не паметат – велат од клубот.

Тие упатија и благодарност до вавивачите кои во претходните напреварти во Скопје им дадоа максимална поддршка, а воедно и благодарност од управата на МЗТ Скопје Аеродром која дозволи присуство на гостинските навивачи.

Им се заблагодаруваме на нашите верни навивачи кои ни дадоа огромна подршка на претходните натпревари во Скопје, на кои и ние на најдобар начин возвративме. Воедно, изразуваме благодарност до управата на КК „МЗТ Скопје Аеродром” која ги отвори вратите за кумановчани и создаде услови за вистинско уживање на сите искрени љубители на кошарката во Македонија, за разлика од некои претходни случаи со други клубови (полифиналето во Скопје и Купот на Македонија во Гевгелија) – се додава во соопштението.

Напомена: Сите гледачи да не носат ситни предмети (запалки, метални пари, шишиња и сл.), бидејќи ќе биде спроведена ригорозна контрола на четирите влеза кои ќе бидат отворени за овој натпревар.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.