КК Куманово се врати на подготовките за продолжението од сезоната

Сподели со своите пријатели

После паузата која беше предвидена поради Новогодишните и Божиќни празници кошаркарите и стручниот штаб на К.К Куманово 2009 се вратија на тренинг и своите обврски пред продолжение на македонскиот кошаркарски шампионат.

Loading...

Тренерот Владимир Мирковски на првиот собир во Новата година на располагање ги имаше сите кошаркари.

Подготовките пред продолжение од шампионатот ќе се одвиваат во Спортската сала на СЕУ ” Перо Наков” во Куманово.

Првиот меч К.К Куманово во 2022 година ќе го одигра на домашен терен против Гостивар натпревар кој е планиран да се одигра на 22.јануари и е во рамките на редовното 13.коло на машкиот кошаркарски шампионат.