КК Куманово против МЗТ на меморијален турнир во Кавадарци

Сподели со своите пријатели

Во текот на претстојниот викенд, во спортската сала “Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра шестиот по ред Меморијален турнир „Димитар Ѓорѓиев“.

Loading...

Во чест на Ѓорѓиев, силите ќе ги одмерат  прволигашите КК КУМАНОВО, Фени Индустри, МЗТ Скопје и Карпош Соколи.

Првиот полуфинален натпревар ќе го одиграат КК КУМАНОВО и МЗТ Скопје, и тоа во петок со почеток во 17 часот.

Другата двојка е домаќинот Фени против екипата на Карпош Соколи. Во сабота ќе бидат одиграни дуелот за првото и третото место.

Меморијалниот турнир се одржува во пресрет на новата сезона, пред почетокот на натпреварите од Првата македонската кошаркарска лига.