КК Куманово повторно со победа над Работнички

Сподели со своите пријатели

Десетта победа во Првата кошаркарска лига за КК Куманово е запишана со победата која ја остварија вчера над Работнички во „Градски парк“ со резултат од 87:76 во рамките на 15-то коло, а прво од втората етапа на домашното првенство.

Одлична игра, посебно во вторите пет минути од третиот период, кога кумановци направија серија од 13:2 со што дојдоа до двоцифрена предност од 68:57, која ја одржаа до самиот крај.

Во втората четвртина од натпреварот центарци се трудеа да држат рамнотежа, но сепак во второ полувреме ги загубија силите со што позитивата на КК Куманово константно растеше.

Доминантен играч во составот на Страшко Тодоровиќ беше српскито центар и најновото зајакнување на екипата, Жарко Ракочевиќ, кој реализираше 18 поени, 12 скокови и неколку атрактивни забивања. Одлична игра со вкупно 23 поени и осум асистенции запиша и Александар Костоски и неколку забивања во контранападите, додека Бојан Трајковски запиша 18 поени.

Со 27 поени кај домаќинот најефикасен беше Диме Тасовски, додека со 16 беше Димитар Мираковски и 12 за Чековски.

Со победата КК Куманово уште повеќе ја зацврсти својата трета позиција во табелата, додека Работнички остана на шестата позиција.

Следниот натпревар КК Куманово ќе го одигра веќе во сабота, на 6-ти февруари кога на домашен терен ќе ги пречека кошаркарите на Фени Индустри од Кавадарци.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.